Мекларен: Разочарани сме од транспарентноста на Пирели

Андреас Сеидл, тимскиот шеф на Мекларен, изјави дека недостасува транспарентност од Пирели по откажувањето на гумите во Баку, но сепак нема да ги подржи критиките кон гумарите. 

ФИА објави нова техничка директива оваа недела по откажувањето на гумите со која ги забранува “играњата“ со притисокот на тимовите. Марио Исола од Пирели изјави дека Астон Мартин и Ред Бул возеле со понизок притисок од пропишаниот, но не прекршиле правила. 

Хамилтон, од своја страна, смета дека не треба да се обвини Пирели додека Марцин Будковски од Алпин е загрижен. 

Тоа што е разочарувачки за нас е што нема транспарентност за тоа што се случило, а се работи за безбедноста. Нормално имало и претходно вакви случаи, но досега не се случило ваква нетранспарентност. Тоа ме разочарува.

Има многу критики кон Пирели, но сепак не треба да го подржиме тоа. Тие прават безбеден производ и доколку возите според правилата, нема да имате проблем. Тоа е важно за сите во падокот да има транспарентност – посакува андреас.

Сеидл им посака добредојде на новите објаснувања од ФИА, но сепак тоа не се регулативи кои им биле потребни на тимовите. 

Тоа не беше потребно бидејќи правилата се јасни. Знаеме зошто добиваме препорака од Пирели. Како тим се свесни за тоа и не беше потребно да се случи вакво нешто. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ