Мекларен сеуште преговара за продажба на акции

Според британскиот печат, Мекларен сеуште преговара со инвеститори за продажба на акции од Формула 1 екипата и на тој начин да обезбеди финансии за во иднина.

Глобалната пандемиа многу влијаеше врз финансиското работење на Мекларен Груп, кои откако првично беа одбиени од страна на Владата за кредит, се обратија до Судот за да им дозволи да заложат имот како обезбедување за заем. На крајот финансиска инјекција добија од Националната банка на Бахреин.

Сепак, компанијата сеуште е во потрага по финансии и планираат тоа да го направат со продажба на акции од трофејната Формула 1 екипа, а инсајдер во тимот открил дека во моментов се водат преговори за продажба на малцински удел во тркачката екипа.

Бордот на тимот дал зелено светло за водење такви преговори минатата недела, а се заговара и проджба на делот за применети технологии на компанијата кој го применува тркачкото искуство на Мекларен во секојдневниот живот.

Тимот почна фантастично сезонава со подиум од страна на Ландо Норис и со силни квалификации. Таквата форма дефинитивно може да им донесе зголемен интерес од инвеститорите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ