Мекларен се договори со Астон да ги користи нивните резервисти

Мекларен потврди дека се договориле со Астон Мартин да ги користи услугите на Стофел Вандорн и Фелипе Другович доколку има потреба од тоа во текот на тркачката сезона.

Со договорот, “портокаловите“ си обезбедија резерва на речиси секоја трка од рекордниот календар. Освен нив, минатата недела од Вокинг потврдија дека и Мик Шумахер од Мерцедес може да се најде во нивни болид доколку се укаже потреба за тоа.

астон мартин се договори со мекларен да имаат пристап до нашите резервни возачи фелипе другович и стофел вандорн доколку им требаат такви услуги и тоа на 15 трки од сезоната – се вели во соопштението од силверстон.

Белгиецот Вандорн се трка за ДС Пенски во Формула Е како актуелен првак во електричната тркачка серија, а паралелно ќе работи и со Астон Мартин, додека Другович и Шумахер немаат друга улога освен резервистичка во своите Формула 1 екипи.

Вандорн е поранешен штитеник на Мекларен за кои се тркаше во 2017 и 2018 година и по две тешки сезони крај Фернандо Алонсо и лошиот мотор на Хонда, беше заменет од Ландо Норис. Мина во Мерцедес како резервист и набрзо беше сместен во електричната Формула Е за фабричкиот тим на “сребрените“.

Другович како актуелен Формула 2 првак си обезбеди резервно место во најпрестижната тркачка серија по одличната сезона лани кога победи пет пати и имаше 4 пол позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ