Мекларен се оптимисти, но реални

Мекларен се врати на подиумот лани, но тимскиот шеф, Андреас Сеидл, смета дека мора да останат внимателни во врска со своите очекувања за претсојната тркачка сезона.

За прв пат по пет години тимот од Вокинг дојде до подиум кој го постигнаа на Бразилското Гранд При откако шшанецот Карлос Саинз го донесе болидот до 3то место. Тоа беше голем мотив за екипата која заврши како најдобра од останатите на 4то место, дури пред фабричкиот тим на Рено кој ги снабдува со мотори.

чувството да се биде дел од тимот на мекларен денеска е одлично исто како што е и стоењето до новиот мцл35 болид. благодарен сум на сите во тимот што овозможија навремено да пристигне ова “бебе“ на свената денеска.

задоволни сме со направениот напредок откако лани се подобрувавме на секоја следна трка. имаме јасен план за тоа како ќе пристапиме на иднината, а сега е важно да се задржи позитивниот моментум и да се напредува како екипа.

мислам дека е клучно да не се занесеме со тоа што го постигнавме лани, што патем беше одлично. годинава се ресетираме, почнуваме од нула, како и сите во падокот. сите имаат амбиции и цели и работат напорно како и ние, но мораме да се фокусираме само ан себе.

морам да сум многу задоволен со тоа што го гледам во однос на развојот на болидот во текот на зимата. оптимисти сме за новата сезона која следува, но во исто време мораме да останеме и реални и приземни со очекувањата – најави гермнскиот тимски шеф.

Првите кругови со новиот болид ќе бидат направени на 19 Февруари за време на првиот ден од тестирањата во Барселона.

сите сме тркачи, јас сум тркач кој е нетрпелив да се појави на патеката. тестирањето е уште поограничено и поважно е да се комплетира колку што може повеќе кругови и километри.

домашната задача во текот на зимата е завршена и подготвени сме да нападнеме годинава. време е да почнеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ