Вебер: Мекларен се посмирени од Ферари

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, смета дек Мекларен ќе ги победи Ферари во борбата за третата позиција поради начинот на кој работат. 

Британскиот во моментов е на 3то место кај конструкторите, но борбата со италијанците е целосно отворена до крајот на сезоната.

Ферари беа доста силни со најновата надградба на моторот и Шарл Леклер за малку не дојде до подиум во Турција додека Карлос Саинз напредуваше повеќе од Даниел Рикардо откако двајцата тргнаа од последниот стартен ред.

Мислам дека Мекларен работат на долг план и Работат напорно. Видовме во Монца, Тие ќе ја освојат третата позиција.

Оперативно имаат помалку лоши менувања на гуми и имаат добри стартови. Мислам дека одлично работат и брзо се справуваат со грешките – очекува австралијанецот.

Двата тима ја започнаа сезоната со нови возачи и тоа Саинз дојде од Мекларен во Ферари, а Рикардо го замени во Мекларен откако лани возеше за фабричкиот тим на Рено.

Иако победи на трка, Рикардо има тешка сезона каде не може да најде грип во болидот и заостанува зад Норис, но Вебер смета дека Скудерија има подобри возачи иако сепак Мекларен ќе биде подобар. 

Мислам дека двајцата возачи се подорби од Ландо и Даниел во моментов. Даниел сеуште не е на достојно ниво, но Мекларен се помирни и подобро работат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ