Мекларен со дури 47 спонзори, но колку имаат другите екипи?

Екипата на Мекларен по превземањето на водечката улога од страна на Зек Браун бележи голем раст на бројот на спонзори низ годините.

Американецот ја промени стратегијата од главен спонзор за титула, кон повеќе различни компании сметајќи дека златната доба со огромен влог од една компанија е завршена.

Неговиот начин се покажа како успешен и Мекларен сега е водечки тим по бројот на спонзори, а по новиот повеќегодишен договор со компанијата Workday, тимот од Вокинг сега има вкупно 47 спонзори.

Зад Мекларен е екипата на Алфа Ромео, со 45 спонзори, следени со изедначен број на спонзори меѓу Ред Бул и Ферари, односно по 36.

Алпин се петти на листата со 31 спонзор, потоа Астон Мартин со 28, следени од Мерцедес со 27. Тимот на Вилијамс има 22 спонзори, додека АлфаТаури има 17.

Хаас Ф1 го држи последното место со 14 спонзори, но интересно е што американскиот тим исто така има и главен спонзор за титулата, компанијата MoneyGram.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ