Мекларен споделија каков придонес имал Рикардо и покрај лошата сезона

Од Мекларен ги истакнаа квалитетите и вештините што Даниел Рикардо ги донел во тимот и покрај неговите потешкотии за време на неговиот двегодишен престој во тимот.

Во Август беше потврдено дека Рикардо и Мекларен меѓусебно се договориле предвреме да го раскинат неговиот повеќегодишен договор на крајот на сезоната оваа година.

Рикардо остана без место на гридот во 2023 година и наместо тоа ,ќе ја преземе улогата на резервен возач во Ред Бул.

И покрај тоа што помина низ тешко време во Мекларен, тимот откри дека имало аспекти од пристапот на Рикардо кои тие неизмерно ги ценеле.

Џејмс Кеј, технички директор во Мекларен, кој претходно работеше со Рикардо во јуниорските денови од неговата Ф1 кариера, верува дека осумкратниот победник на трки донел добра техничка референца за тимот.

Работев со него пред 10 години, кога тој веројатно беше на возраст на Ландо Норис во неговата кариера и секогаш беше добар технички.

Мислам дека ни ја донесе таа втора референтна точка, од некој што го чувствува болидот и што се случува, го донесе тоа искуство.

Тој очигледно донесе референтни точки од други тимови, што очигледно, Ландо не го направи, тој е пораснат во Мекларен. Така, ја имавме таа референтна точка од Даниел.

Кеј исто така верува дека нивото на искуство стекнато од Рикардо, кој победи со Мекларен на Италијанското ГП во 2021 година, му помогнало да остане мотивиран и одлучен.

Тој ни донесе победа на трка и искрено мислам дека одлучноста што ја видовме кај него претходно и гледањето каде беше на гридот и неговото искуство да го направи тоа, навистина му помогна да продолжи и да стигне до крајот.

Не можеме да заборавиме дека неговото искуство ја игра својата улога, мислам и во Монца.

Но тој го донесе токму она што би го очекувале од возач на тоа ниво и тоа искуство и претходни победи на трки, па тоа само ги дополни веќе добрите информации што ги добивавме од Ландо.

Извршниот тркачки директор на Мекларен, Андреа Стела, му даде заслуга на Рикардо за неговиот позитивен став за време на неговите тешки времиња со тимот.

Една точка што би ја истакнал од тркачка гледна точка е дека тој ни донесе и некои елементи на пристап кои неизмерно ги ценевме – објасни Стела.

Односно, тој остана смирен, беше соработник, позитивен, конструктивен, дури и во текот на борбата, дури и во тешките викенди.

Видовме и претходно, не нужно во Мекларен, но овие ситуации може да станат доста тешки.

Тоа никогаш не се случи, така што многу го цениме тоа.

Стела чувствува дека овој квалитет на Рикардо им овозможил на двете страни да одржат позитивен процес.

Ова значеше и дека од тешкотиите добивме техничко знаење, знаење за возење.

Бидејќи, наместо да станат веднаш тешки разговори, имаше разговори каде што можевме да одиме до дното на она што го гледаме во податоците, какво е неговото чувство.

Значи, мислам дека тоа беше исклучително позитивен процес, од кој сите научија каков е етосот, каков е емотивниот пристап кон вашата работа и кон меѓучовечките интеракции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ