Мекларен ја продадоа фабриката за 170 милиони фунти

Мекларен постигнале договор за продажба на својата фабрика во Вокинг за 170 милиони фунти, а договорот вклучува и клаузула согласно која тие во иднина ќе продожат да го изнајмуваат тој простор, но доаѓаат до многу потребниот свеж капитал.

По неколкумесечни преговори за фабриката од речиси 80 илјади м2, бил постигнат договор со Глобал Нет Лис, а трансакцијата се очекува во вториот квартал на годината, а наемот на објектот е договорен за следните 20 години.

воодушевени сме што можеме да објавиме дека овој врвен објект ќе стане дел од нашето портфолио. седиштето на мекларен груп е најсовремено здание кое има добиено неколку награди, дизајнирано и реновирано од архитектот норман фостер и дел од најдобрите имоти во нашето портфолио – изјави џемјс нелсон, главен извршен директор на глобал нет лис.

Компанијата има сериозен проблем со финансиите од почетокот на пандемијата минатат година поради енорминот пад на автомобилската индустрија од каде се финансираат сите останати операции, така што овој потег е начин за прибирање на свеж капитал. Со договорот ќе се внеше свежа готовина многу итно со цел да се продолжи со проширувањето на објектите во Вокинг, модернизацијата и инвестициите.

Од првичниот план за продожба на фабриката лани помина време во кое компанијата се задолжи со 150 милиони фунти од Националната банка на Бахреин, а привлекоа и малцински акционер во името на МСП Спортс Капитал на кои им продадоа акции за 185 милиони фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ