Мекларен ќе ги користи услугите на Вандорн, за “не дај боже“

Стофел Вандорн се враќа во Мекларен и ќе биде резерва и замена доколку нешто непредвидено се случи со редовните возачи на Мекларен откако Формула Е сезоната заврши.

Мекларен немаат свој резервен возач како поддршка за Карлос Саинз и Ландо Норис откако пред сезоната склучија договор да ги користат услугите на резервистите на Мерцедес доколку се појави потреба за тоа. Откако Чеко Перез беше позитивен на Ковид-19 во пресрет на Британското Гранд При, тимовите побрзаа д асе обезбедат со достојни резерви доколку се појави потреба за тоа, а на готовс за екипата од Вокинг во Силверстон беше Пол ди Реста, стручниот коментатор и аналитичар на британски Sky.

Вандорн е резервист на Мерцедес како возач на официјалниот Формула Е тим на производителот, но сезоната во електричната тркачка серија заврши, а вториот резервист, Естебан Гутиерез, се покажа дека не ги задоволну потребнтие критериуми за да вози Формула 1 болид на трка.

Ди Реста беше и во фабриката во Вокинг каде му беа земени мерки за седиште во МЦЛ35 болидот, откако последното појавување во Формула 1 му беше во 2017 година кога го менуваше Фелипе Маса во Унгарија.

Во пресрет на Шпанското Гранд При, Мекларен објавија дека се враќаат на договорот кој го имаат со Мерцедес, нема да имаат сопствен резервист, туку ќе ги користат услугит на Стофел Вандорн, доколку тоа биде потребно.

во моментов ќе работиме согласно договорот кој го имаме со мерцедес во врска со користење на нивните резервни возачи доколку се појави потреба од наша страна.

минатиот викенд беше посебен поради фактот што стофел вандорн имаше обврски кон формула е тимот за кој вози, но откако повторно ќе биде присутен во падокот, тој ќе биде наша резерва во шпанија – најави андреас сеидл, шефот на мекларен.

Вандорн е производ од школата на Мекларен и се тркаше а нив во 2017 година и 2018 година пред да биде отпуштен за да направи место за тандемот Ландо Норис – Карлос Саинз кои до ден денеска возат за тимот. Откако замина од Вокинг потпиша за Мерцедес кои ги сместија во својата Фопрмула Е програма, а работи и во симулаторот на Формула 1 тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ