Мекларен ќе го носи Ларсон од Наскар на Инди 500

Мекларен Рејсинг Индикар ќе има уште еден болид на Инди 500 наредната година и него ќе го вози Наскар ѕвездата Кајл Ларсон. 

Тој ќе вози и на Наскар Кока Кола 600 трката во истиот ден на Шарлот Мотор Спидвеј. Само пет возачи до сега успеале да го извозат двојниот настан, а последниот беше Курт Буш во 2014 година. 

Имаме шанса да го поддржиме Кајл преку Ероу Мекларен и да ги промовира ХендрикКарс на најголемиот автомото настан. Ќе биде посебно што ќе вози Шевролет на Инди 500.

Соработката е договорена и ќе се случи. Тоа е голем и тежок предизвик за него и тоа е многу важно – изјави Зак Браун. 

Хендрикс Моторспортс имаат 291 победа во Наскар и 10 на Брикјард 400 кој се вози во Индианаполис. Ларсон има 19 победи и дополнително има уште две победи на Наскар Олстар настанот во 2019 и 2021 година. 

Возбуден сум. Тоа ми е сонот и го очекував долго време, уште од дете. Тоа ми е исполнување на сонот, но има уште една ипол година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ