Мекларен ќе може да се трка со новиот нос во Русија

Ландо Норис го тестираше новиот нос на болидот на Мекларен во Сочи, откако Карлос Саинз истото го направи на претходната трка во Муџело, по што е можно да го користат до крајот на викендот. 

Тимот сеуште нема донесено одлука дали ќе продолжат со користење и на трката и прво сакаат да приберат колку што е можно повеќе информации. 

Ќе продолжиме да експериментираме со новиот нос. Сега го возевме кај Ландо за дополнителни тестови, а ќе продолжиме и понатака. Тоа треба да е дел од новата еволуција на болидот.

Собираме податоци денеска да видиме дали ќе продолжиме. Целта на секоја надградба е да работи како што очекуваме и доколку тоа е така ќе продолжиме и на трка. Ова е логистички предизвик да обезбедиме доволно делови на за цел викенд

Одиме чекор по чекор, прво да ги видиме перформансите и потоа ќе донесеме одлука – вели првиот човек на тимот, германецот андреас сеидл.

Тој повтори дека спецификацијата од Муџело испорачала перформанси според очекувањата. 

Тоа што го видовме на Муџело работеше. Во исто време некои работи се во развој и носиме следна еволуција на предниот дел со ново предно крило. Треба да направиме корелација на тоа од воздушниот тунел и тоа што е на патеката. 

Има одредени очекувања од симулаторот, Но секогаш е важно времето по круг. Додека немаме добри бројки нема да го користиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ