Мексико – По Мансел … Розберг

Нико Розберг извозе во еден здив од старт до финиш, не препуштајќи ја првата позиција на никого и стигна до својот 39ти подиум во кариерата, а 12та победа која го смести во друштво со Андрети, Ројтеман и Џонс. Мерцедес стигна до 14та победа оваа сезона, а второто место на Луис и донесе на “сребренатаа стрела“ 26та 1-2 победа во својата историја. Последното место на подиумот го пополни Валтери Ботас за својот 8ми подиум во кариерата, а 310ти во историјата на Вилијамс. Уште да споменеме, Ферари го помести својот “Ден на вештерките“ за денеска и ја заврши низата од 20 последователни трки на кои завршуваше во поени.

Стартот на трката беше невиден куриозитет, троца светски шампиони стартуваа на последните три места од колоната, Фернандо Алонсо како 18ти, Кими Раиконен како 19ти, Џенсон Батон како 20ти.

start_mexico

Самиот старт на трката беше предвесник на очајот на Ферари. Сите очекуваа жесток дуел во Мерцедес, но Ветел беше тој кој го загуби 3то место од Квјат, а бранејќи ја 4та позиција од Рикардо, не му остави место на австралијанецот, имаа контакт, по што Себ го извлече подебелиот крај и цел круг “вртеше“ со дупната гума. Инцидентот беше истражуван од стјуардите, но казна не беше изречена.

vet_rik_mexico

Понесреќен од Ветел во овие моменти беше Фернандо Алонсо кој успеа да го “прогура“ Мекларенот само низ 3 кривини, потоа изгуби моќ, сврте бавен круг, се паркираше во гаражата и тука ја заврши трката. Се пожали дека заубил моќ, а проблемот бил во МГУ-Х уредот за топлинска енергија. Неговиот тимски колега заврши како 14ти, единствено пред двата болиди на Манор.

Болидите на Вилијамс многу рано се одлучија се промена на меките пневматици кои на оваа трка се покажаа лош избор, иако првите 10 болиди стартуваа со нив. Валтери во 9от круг промени гуми, а Маса еден круг подоцна. Овој круг беше за одбележување затоа што Кими Раиконен веќе се наоѓаше на 9то место.

williams_box_mexico

Себастијан Ветел беше страшно брз по излегувањето од боксот, иако на крајот на колоната, сепак возеше кругови пандан на она што го возеше Мерцедес. До 18от круг се проби на 11то место, го мина Батон, но на свиокот број 7, кај “есовите“, се изврте и го изгуби она за што макотрпно работеше.

Круг број 23, реприза од последниот круг во Сочи, но ситуацијата обратна. Овој пат Кими е напред, Валтери е позади и се обидув да претекне во борба за 6то место. Раиконен затвара, Ботас не се дава, доаѓа до контакт по кој Вилијамсот останува неоштетен, а Ферарито со “скршен“ заден десен пневматик се паркира до патеката. Стјуардите и овој инцидент го испитуваат, но не изрекуваат никаква казна.

Мерцедес возеше соло трка, а 27от и 28от круг беа наменети за промена на гуми. Двајцата возачи продолжија со медиум пневматици, а по тимското радио им беше соопштено дека со тие пневматици ќе одат до крај. Сепак, не беше така, затоа што исплашени од брзата деградаација, Мерцедес го повика Нико повторно 20 кругови подоцна, а Луис, иако се противеше цел круг, “легна на брашното“ и против своја волја повторно влезе во пит во 49от круг.

Во меѓувреме, Ветел промени гуми во 36от круг, излезе помеѓу Мерцедесите, се разбира со круг заостаток зад Розберг и возеше во нивно темпо.

fer_merc_overlap_mexico

Многу добра трка извозија болидите со Рено мотор. Дека во францускиот агрегат има потенцијал покажа 51от круг кога во борба за 5то место, Рикардо го “прелета“ Фелипе Маса.

Но, круот број 52 дефинитивно стави крај на мачењето на Ферари. Истиот свиок како 34 кругови претходно, овојпат Ветел се заби во заштитната ограда како куршум, буквално без да заврти. Дејвид Култхард во тие моменти изјави дека не се сеќава Себастијан да направил некогаш 3 грешки на една трка. Но, за се има прв пат. Ферари надвор од трка, безбедносно возило на патеката 7 кругови.

Хамилтон своите надежи дека ќе може да го претекне Розберг ги полагаше на рестартот, но германецот се одбрани. Но, во позадина, Ботас беше агресивен и го превзема последното место кое води на подиум од Даниил Квјат, кој не успеа да врати до крајот на трката. Но, русинот беше под притисок и од својот тимски колега Даниел Рикардо, кој пак од друга страна се чуваше од Фелипе Маса.

Во кругот број 59 кочниците на Зауберот на Фелипе Наср едноставно откажаа и тој ја заврши трката, а 5 кругови подоцна, Пастор Малдонадо имаше многу среќа пред влезот кај бејзбол стадионот и за влакно не ја заврши трката во ограда.

maldonado_mexico

На крајот на трката, првите 6 места останаа непроменети и поделени помеѓу 3 екипи. Форс Индија ги зазема следните две места, но на жалење на домашната публика, Чеко Перез беше послабо пласираниот возач. 9то место и нови поени за Макс Верстапен, додека последен во поени заврши Роман Гросжан.

sainz_perez_mexico

Сударот на Ветел му дојде “и те како добро“ на Розберг кој си ја поврати “својата“ втора позиција и сега има 21 поен предност пред сонародникот. Ферари загуби и кај другиот пилот, Валтери го престигна Кими во поредокот. Русинот Квјат продолжува да изненадува и повторно имаше подобар пласман од Рикардо за да ја зголеми предноста во генералниот поредок.

meksiko_trka_rezultati

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ