Мелбурн бил претерано чуден за Окон

Новиот возач на Рено, французинот Естебан Окон, призна дека Мелбурн било многу чудно искуство за него, а на Алберт Парк правел се што може за да се заштити.

Возачите се подготвуваа за вообичаено отворање на сезоната кога член на Мекларен имаше позитивен тест на Ковид-19, а тимот набрзо се повлече од трката. Нивиот пример го следеше мнозинството и трката се откажа на неколку часови пред закажаната прва петочна тренинг сесија.

Окон бил многу претпазлив за да се осигура дека без проблем ќе се појави на гридот, а во падокот на денот кога беше закажана комуникацијата со медиумите се појави со голема црна маска на лицето.

да бидам исрен, во австралија се беше навистина многу чудно, а јас решив да носам маска штом пристигнав на патеката во четврток. имаше поминато 450 денови откако последен пат дојдов на тркачки викенд и се подготвував да се тркам, така што сакав да направам се што можам за да се осигурам дека ќе бидат во болид на гридот.

цело време тренирав за да бидам колку што можам посилен и сметав дека ќе биде најдобро да бидат претпазлив со оглед на ситуацијата која владееше во светот.

секако дека голем број од работите се надвор од наши раце, но јас сакав да направам се што можам за да се подготвам и заштитам затоа што не сакав никој да ме спречи да се тркам – го објасни својот изглед естебан.

Откако се случија многу работи во Четврток, французинот не очекувал да се разбуди во Петок со веста дека трката е откажана.

беше шок да се прими таква информација при будење во петок и додека се подготвував да одам накај патеката. во четврток рано заспав и кога се разбудив се подготвував да влезам под туш и видов илјадници пораки од сирил и многу други луѓе кои ми кажаа дека во мекалрен имало позитивен тест и дека трката е под знак прашалник.

бев шокиран, бев во полу-сон и беше тешко да разберам и да сфатам што се случило секако дека австралија како прва трка е одлично место д асе види кој што може, вклучително и нас и мислам дека ќе имавме добро издание.

дојдовме убедени и со верба во себе, а инженерите имаа одлично искуство и сметаат дека патеката нид одговара. ќе мораме да почекаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ