Менаџерот на Верстапен смета дека Хонда ќе се откаже

Рајмонт Вермулен, менаџерот на Макс Верстапен, смета дека е многу веројатно Хонда да се откаже од Формула 1 по крајот на следната тркачка сезона.

Следната година ќе биде последна во која Макс може да стане најмлад светски шампион, а нормално дека освен Ред Бул, голема помош за тоа треба да добие и од Хонда од кого земаат мотори во Милтон Кинс.

макс, јоас и јас сме позитивно изненадени од хонда. да не заборавиме од каде дојдоа и до каде стигнаа – изјави вермулен за холандски De Limburger.

Сите во таборот на холандскиот возач очекуваат сериозен напад на титула следната година, во спротивно сериозно ќе размислуваат да го променат тимот.

екипата, вклучително и хонда треба да бидат врвно подготвени од првиот ден.

во мелбурн мора да бидеме на врвот, тоа е единствен начин да се стане шампион, а тоа треба да се повтори на сите 22 трки.

годинава не беше така и поради тоа треба да се направи следниот чекор. не се ставнува шампион со константни подеми и падови во текот на сезоната.

Менаџерот во исто време е свесен дека неговиот клиент е целосно подготвен да стане првак на 22 години.

во моментов ништо не му фали, тој е целосен возач, а последниот чекор и подбутнување треба да дојде од екипата. хамут марко и самиот кажа дека тимот е на потег да му даде добар болид за да стане првак.

во моментов сме во фантастична ситуација во врвна екипа, но сакаме да победуваме.

Проблм може да испадне и во ситуацијата со Хонда која сеуште не знае што по крајот на следната година.

константно не информираат за ситуацијата речиси на неделна основа, а и самите зборуваме директно со хонда во јапониа. велат дека 2020 година е многу важна за нив, сакаат да продолжат, но чекаме дефинитивен одговор од нивна страна.

Вермулен не е загрижен што во исто време на крајот од следната година Верстапен, но и Хамилтон и Фетел ќе бидат слободни возачи.

нема ништо што треба да не загрижи, но пред таа 2021 година со нови правила, ќе биде тешко да се направи избор затоа што минатото не гарантира ништо во врска со иднината. ќе анализираме внимателно што прави ред бул, но ќе слушаме и внимателно што нудат другите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ