Мерцедес бара начин да воведе биогориво за своите камиони

Малите промени кои се очекуваат во финансиските правила кои го ограничуваат буџетот отвора врата за Мерцедес да направи своите камиони кои ја пренесуваат опремата на Формула 1 трките да бидат на биогориво.

Германската компанија користеше биогориво за својот транспорт на ланските три последователни тркик кога серијата од Белгија се префрли во Холандија и една седмица подоцна зарши во Италија, така што сакаат тоа да го повторат во иднина. Експериментот на “сребрените“ се покажа успешно и тие открија дека ги намалиле емисиите за 89% споредено со користење на нормално фосилно гориво.

Но, ограничениот буџет се покажа како пречка во напорите на Мерцедес да бидат попријателски кон околината на европските трки. Биогоривото е многу поскапо од обичното така што со ограничен буџет би било проблем да се користи истото при транспортот. Теоретски, тоа би значело помалку пари за развој на болидот.

По разговорите со Формула 1 Комисијата на почетокот од оваа година, беа предложени низа иницијативи за подобување на одржливоста за да се охрабрат екипипте да бидат попријателски настроени кон околината без тоа да влијае негативно на нив. Така беше одличено цената на биогоривото кое ќе се користи од страна на екпипте за пренесување на опремата да не биде земено во предвид во целиот буџет на тимот што значи дека тимовите може сами да одлучат да користат поскапо гориво без да се плашат дека тоа ќе влијае над нивниот буџет.

Мерцедес, во соработка со својот спонзор, нафтениот гигант Петронас планираат целокупниот патен транспорт до 9те трки од европскиот дел на сезоната да биде со камиони кои работат на биогориво, а дистанцата која секоја од камионите треба да ја помине изнесува 10.000 километри. Но, проблем може да се јави поради фактот што во одредени региони каде има трки и не е така лесно да се најде биогориво и ќе мора камионите да возат со фосилно гориво.

Паралелно со камионите и генераторите кои тимот ги користи на трките ќе бидат напојувани од биогориво.

тркањето е страст, а ние имаме одговорност да ја користиме формула 1 како глобална платформа и да бидеме лидери, сакаме да бидеме пионери. да се испорача намалување на штетните гасови за 89% за секој километар кој го возат нашите камиони ова лето ќе биде одлично достигнување за целиот тим, петронас и нашите логистички партнери кои работеа напорно на овој иновативен и предизвикувачки проект – посочи тото волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ