Мерцедес биле намерно 6-7 десетинки побавни во Спа

Мерцедес на Белгиското Гранд При веќе се подготвувале за тркање без своите модови на моторот и намерно биле 6-7 десетинки по круг побавни од вообичаено.

Италијанското Гранд При на Монца ќе биде првата трка на која ФИА со Техничка директива ќе го забрани користењето на режими на работа на моторот што значи дека Мерцедес нема да бидат во можност со својот “party model“ да го користат максимумот од својот агрегат.

само кога верстапен дојде на 1,5 секунди до валтери во 25от круг им рековме на хамилтон и ботас да заборават на менаџирањето на гумите и да забрзаат.

веќе ја имавме на ум трката на монца и сакавме да однесеме таму колку што може посвеж мотор за нова ера без модови на работа на моторот и бевме свесни дека секој непотребно брз круг ќе не чини подоцна – изјави ендру шовлин, инженерот за трка кај шампионската екипа.

Медиумите велат дека поради чување на моторот тандемот на Мерцедес бил 6-7 десетинки по круг побавен од вообичаено, а предноста на Луис од половина секунда на квалификациите со Верстапен можела да биде и многу поголема.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ