Мерцедес во ново спонзорство со INEOS од 20 милиони фунти

Мерцедес се подготвени да започнат ново партнерство со групацијата за хемиски производи, INEOS, за 2020 година во договор кој наводно вреди 20 милиони фунти годишно.

Мерцедес и INEOS веќе имаа договор за споделување на технички информации со кој одделот на Мерцедес за аплицирана наука работи со велосипедскиот тим од светската турнеја на INEOS, како и со тимот за едрење кој се натпреварува во Американскиот Куп, а експертите од трите екипи ќе соработуваат во област на наоѓање на дополнителни перформанси.

INEOS, кои се контролирани од британскиот милијардер, Џим Ретклиф, се повеќе го зголемуваат своето учество во спортовите, а минатата година станаа спонзори и на ОГЦ Ница и Лаусан Спортс фудбалскиот клуб. Според извештај на Financial Times, приватната компанија е основана од Ретклиф пред 2 декади и ќе исплаќа 20 милиони фунти годишно за да го прикаже својот бренд на болидите на Мерцедес.

Сепак Мерцедес сеуште не го потврдиле договорот, а официјалната потврда се очеккува во следните недели. Болидот на Мерцедес ќе биде промовиран на 14 Февруари, 5 дена пред стартот на предсезонските тестови во Барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ