Мерцедес во прашалници околу проблемите на Луис

Тото Волф откри дека екипата е во прашалници откако Луис Хамилтон имаше слаба втора петочни тренинг сесија за Штаерското Гранд При по која изјави дека неговиот болид лизгал насекаде по патеката.

Актуелниот шампион ја заврши втората петочна тренинг сесија со 6то време и 6 десетинки побавно време од својот колега, Валтери Ботас, кој беше веднаш зад најбрзото време на Макс Верстапен. Вторите 90 минути беа многу важни затоа што доколку врне како што утре се очекува, возење нема да има, а доколку невремето продолжи и во Недела наутро, втората петочна сесија е го одреди стартниот поредок.

Тото Волф откри дека не возеле со целосниот потенцијал како на квалификациите, но и дека го возеле моторот на посилен мод одошто тоа вообичаено го прават.

не возевме со целата сила на моторот, но не го ни штедевме многу. додадовме повеќе моќ одошто тоа е вообичаено за нас во петокот, вообичаено повеќе штедиме.

малку сме во прашалници особено со времето на луис затоа што сигурно постои некаков проблем со неговиот болид. во моментов ништо не знаеме, болидот лизга насекаде на бавните, на средните, но и на брзите кривини. имаме податоци за се и ќе ни треба време да направиме анализа – најави тото волф.

Запрашан што планира екипата за квалифиакциите и дали кријат перформанси, австриецот изјави:

споредено со минатата недела, верстапен се подобри, а рејсинг поинт навистина многу се подобриле. сите други се побавни, исто како и ние, но мораме да ги анализираме сите податоци за да видиме што се случило.

И Луис Хамилтон нема поима што се случило во попладневната сесија кога беше бавен.

не знам и не можам ништо да кажам. се чувствував нормално, но бев далеку од ритамот и јасно е дека треба многу да се одработи во позадина за да видие што сме погрешиле и да го исправиме.

чувството на тренинзите беше добро, на почетокот од втората сесиај се беше добро, но потоа губев перформанси. другите се забрзуваа, а валтери имаше супер ритам, а јас се надевам дека ќе се подобрам.

Во врска со можноста втората тренинг сесија да го одреди стартниот поредок, брианецот смета:

ќе биде лошо ако не успееме да возиме квалификации затоа што втората сесија беше лоша за мене. ако почнам позади како минатата трка ќе биде голем предизвик. сакам да биде суво и да не врне.

гридот е повеќе збиен од минатиот викенд барем на тренинзите. како сите да се забрзаа или пак ние забавивме. како што реков, имаме многу работа и се надевам дека ќе можеме да возиме затоа што и да врне е забавно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ