Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1.

Иако никој не очекува шесткратните шампиони да се повлечат од Формула 1 до крајот на сезоната, постојат разговори околу нивното учество, како и со другите девет Формула 1 тимови, од 2021 година.

Се додека Калениус не го потпише договорот, не постојат гаранции дали Мерцедес ќе продолжи во Формула 1, иако тој признава дека продолжување на учеството во спортот е привлечна можност.

Како што знаете, преговорите се во тек околу новите Формула 1 договори за иднината. За нас е важно договорот кој ќе биде воспоставен да има еколошко влијание, како и финансиско. Но Формула 1 останува многу, многу атрактивна платформа за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ