Мерцедес горди на замената на Боно

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Маркус Дадли завршил феноменална работа како замена на Питер Бонингтон на позицијата инженер на трка кај Луис Хамилтон во Мексико, додека самиот возач смета дека недостаток речиси и да не постоел.

Бонингтон е најпознатиот инженер во Формула 1 поради честите конверзации со Хамилтон, разговори преку тимското радио пренесувани преку телевизиските екрани. Сепак, Боно поради здравствени причини Мексиканското и Американското Гранд При ќе ги следи од дома. Тандемот работи заедно и победува од 2013 година.

Позицијата на Питер ја пополни редовниот иженер за перформанси на Хамилтон, Маркус Дадли, кој пак своето место му го препушти на Дом Риефтахл кој трките до сега ги одработуваше во фабриката.

Стратегијата на Мерцедес со рано повлекување на возачот во бокс и комплетираше на трка со само едно застанување  многу долга втора серија на хард се исплатеше иако возачот беше незадоволен на почетокот и мислеше дека нема да заврши на тие гуми.

со отсуството на ботас помислив дека ќе биде интересна борба за титулата и на тоа гледав како на слаба страна. боно си заврши доста работа од дома, додека маркус и дом одработеа фантастично за него на патеката во нивните нови улоги.

никгоаш не сум работел толку заедно со дом претходно, а маркус ја замени неговата многу подговорна улога. не е лесно да се работи со светски шампион кој редовно бара многу.

сум имал искуство со маркус и тој колку-толку знаеше што сакам, а инаку е многу опуштен човек.

како дополна, боно беше на радио, си разменувавме поради цел викенд и јас сакав да го направам него горд на оваа трка. и има посветено голем дел од живтото овие седум години и поради тоа сакав да биде горд на моите перформанси особено возењето со оштетен болид и сето тоа низ што минавме – опиша луис.

По победата, Тото Волг беше среќен и задоволен затоа што тимот покажал сила и во вакви моменти.

дадли заврши феноменална работа која не беше воопшто лесна и добро ја менаџираше трката на луис.

тоа покажа дека сме многу силни во тимот. боно не беше тука, му ја даде контролата на маркус и тој заедно со дом испорача сјајно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ