Мерцедес го објаснија пожарот кај сопирачките на Луис

Во тимот на Мерцедес сметаат дека пожарот кај предните сопирачки на Луис Хамилтон за време на вториот стоечки старт од Тосканското Гранд При е случил поради ограниченото ладење на истите кореистено за Муџело.

Поради долгите правци и брзите кривини што значи и недостаток на големи и долги зони за сопирање, Муџело не бара многу ладење на сопирачките како некои други патеки, така што отворите за таа цел на В11 биле помали.

Но, тоа станало проблем во бавното движење кон гридот во пресрет на вториот стоечки старт по долгото црвено знаме и поминато време во гаражата. Хамилтон се обидувал да ја изедначи температурата во своите сопирачки поради што настанало прегревањето, но неговите перформанси не претрпеле загуба.

Главниот инженер на трка во шампионската екипа, Ендру Шовлин, објасни дека пожарот и чадот од сопирачките изгледал лошо, но тие не биле загрижен.

не бевме згрижени. ладењето на сопирачките е затворено во муџело затоа што нема многу кочење и треба да се затворат сопирачките за соодветно да се загреат. проблем е што ако се кочи многу повеќе од потребното, се создава висока температура и истите не се ладат.

знаевме дека штом почнува тркањето тие ќе се оладат и пожарот самиот ќе стивне, а единствена загриженост е што мал дел од карбонот постои можност да изгори и единствено поради тоа бевме малку замислени.

не изгледаше многу лошо, но секако дека подобро беше да немаше толку чад од болидот на стартот, н не бевме во паника и немавме загуба на перформанси – објасни шовлин.

Додека таквиот пожар немаше лоши ефекти по Хамилтон и неговиот болид, возачот на Рено, Естебан Окон, мораше да се откаже од трката заради прегревање на сопирачките.

кога се појави безбедносното возило се заглавија остатоци во неговите сопирачки. многу брзо, додека ги загреваше задните гуми, температурата на сопирачките стана преголема и истите откажаа, а во задниот дел од болидот имаше истекување на течност за сопирачките.

не можевме ништо да сториме за време на црвеното знаме затоа што сопирачките беа целосно уништени – откри спорскиот шеф на Рено, Алан Перман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ