Мерцедес забележале проблем и ќе менуваат мотор кај Ботас

Мерцедес се приморани да го променат моторот во болидот на Валтери Ботас откако забележале проблем кај неговиот болид на последниот денешен тренинг.

Поради тоа што крајот на денешниот тренинг и почетокот на квалификациите ги дели само два часа, Мерцедес немаа време за анализа и ќе го променат целиот мотор, но не нов, туку претходно користен, така што нема да има казна.

имавме истекување на гориво од моторот на ботас по крајот на третиот тренинг. немаме доволно време да го анализираме, најдеме и решиме проблемот и поради тоа ќе промениме мотор во некој кој е веќе користен – кусо изјавија од мерцедес.

Третата тренинг сесија финецот ја заврши на 6то место со речиси секунда од најбрзиот Верстапен, но со многу постар мотор од колегата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ