Мерцедес именуваа улица по Лауда во Брекли

Мерцедес го преименуваше патот што минува низ нивниот технолошки кампус во Брекли по трикратниот светски шампион Ники Лауда.

Лауда, светски шампион во 1975, 1977 и 1984 година, дејствуваше како неизвршен претседател на Мерцедес и имаше влијателна улога во тимот до неговата смрт во Мај 2019 година.

Патот, кој минува низ нивната локација во Брекли, сега официјално е наречен Lauda Drive, по одобрение од локалните власти и семејството на Лауда.

Новиот знак беше официјално откриен од тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, во вторникот попладне.

Вистинска чест е да се открие Lauda Drive и беше прекрасно да се видат толку многу членови на тимот кои се собраа за да го гледаат откривањето – рече Волф.

Иако нашиот драг пријател и колега Ники не би сакал да правиме врева, тој исто така би бил горд што овој пат ќе го носи неговото име.

За сите нас беше привилегија да работиме заедно со него и имав доволно среќа да го наречам еден од моите најдобри пријатели.

Тој беше огромен придонес за нашиот успех, одличен спаринг партнер за мене и силен неизвршен претседател, кој многу ни недостасува.

Посакувам тој сè уште да беше тука како мој пријател и како претседател, бидејќи ќе имаше многу прашања што би сакал да му ги поставам оваа година.

Неговото наследство живее во толку многу облици и форми, но да се знае дека толку многу луѓе ќе поминат на Лауда Драјв во годините што доаѓаат е многу посебно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ