Екипата на Мерцедес не е загрижена околу проблемот со електрониката кој означи преран крај за тест програмата на Валтери Ботас на вториот ден од предсезонските тестови.
Германската екипа доминираше на првиот ден од тестовите во Барселона и изгледаа дека се на пат кон уште еден тест без проблеми, но потоа Ботас го искуси првиот проблем со издржливоста на нешто повеќе од еден час до крајот на сесијата. Финецот се врати во боксовите, а Мерцедес веднаш ја затворија својата гаража, што посочи дека нешто навистина не е во ред.
Очигледно возењето беше скратено поради проблемот. Ова беше добра можност да се запознаеме уште повеќе со болидот. Имавме добра километража и бев блиску да ја комплетирам целата симулација на трка.
Имавме добро искуство од сето тоа и собравме многу податоци кои ќе ги анализираме. Чувството во болидот е добро и едвај чекам да продолжам следниот ден.