Мерцедес кај стјуардите поради погрешен извештај за болидот на Луис

Мерцедес се пријавени и мора да се појават пред стјуардите во Сингапур поради неточно пополнет формулар за болидот на Луис Хамилтон.

Неколку минути по крајот на квалификациите на Марина Беј каде Хамилтон заврши на 3то место, Мерцедес беа информирани треба ги прекршиле правилата. Изјавата од стјуардите вели дека претставник на тимот мора да се пријави пред нив поради неточен формулар во вид на извештај од инспекција на болидот на Хамилтон.

Од почетокот на 2019 година, Формула 1 воведе систем каде ФИА не ги проверува сите болиди пред секое возење туку тимот сам прави проверки и пишува извештај согласно кој се потврдува дека се почитуваат правилата.

секој учесник треба да спроведе интерна темелна проверка на болидите која ќе се спроведе 4 часа пред почетокот на првиот тренинг, а документацијата треба да биде доставена два часа пред почетокто на истата сесија. таквиот извештај треба да се достави до фиа – вели правилото.

Секоја екипа која нема да поднесе таков извештај за извршена инспекција на време ќе биде пријавен кај стјуардите за потенцијално прекршување на правилата. Секако дека Федерацијата има право во било кој момент да направи инспекција на било кој дел од болидот за проверка околу усогласеноста со правилата.

ФИА не посочи никакво објаснување во што е проблемот со извештајот кој не го добиле од Мерцедес. Сепак, се шпекулира дека ова следува по пријавата на Луис Хамилтон за недозволено носење накит, пирс во вид на алка на носот кое тимот требало да го наведе во извештајот кој го регулира и тој дел, исправноста на опремата на возачот.

Хамилтон по крајот на денешниот тренинг пред квалификациите е пријавен за својот пирс со кој го возел болидот, со што го прекршил правилото кое вели дека не смее да се носи никаков накит.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ