Мерцедес конечно го промовираше АМГ 1

По долго одложување, конечно беше промовирана фабричката верзија на Мерцедес АМГ 1 хипер-автомобилот чиј хибриден мотор ја користи истата технологија од Формула 1 болидите. 

Како прослава на 55-годишнината од постоењето на АМГ, беше промовиран новиот автомобил. Тој е придвижуван од мотор со 1.063 коњи со еден бензински и четири електрични мотори. Крајната брзина му е 352 кмч, додека од 0 до 100 кмч забрзува за 2.9 секунди. 

Автомобилот ќе го има своето деби во Велика Британија на Гудвуд фестивалот од 23 до 26 јуни. 

Моторот е идентичен со болидите на Формула 1 единствено е намален вртежниот момент поради издржливост. Тој во себе има и топлински МГУ-Х кој врти на 100,000 вртежи во минута. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ