Мерцедес немале алат да ги решат проблемите на В13

Мерцедес признаа дека немале алати при барањето одговори на проблемите со кои се соочиле со својот В13 болид од почетокот на сезоната.

Тимот од Бракли сеутше е во потера по својата прва Гранд При победа годинава откако заостанаа драстично зад Ред Бул и Ферари годинава. Радикалниот дизајн на нивниот пакет се покажа недоволно добар за новите правила базирани на земјен ефект така што перформансите недостасуваат, а потскокнувањето беше големо.

Од тимот откриваат дека конечно дознале што ги предизвикува проблемите на нивниот пакет со надеж дека следната година ќе се вратат на чело на поредокот. Тото Волф призна дека се загубиле на почетокот на сезоната затоа што сфатиле дека податоците кои доаѓаат од фабриката не им помагале да го поправат дизајнот.

немавме алати, грешевме со симулациите во обид да ги разбереме проблемите кои ги имавме во однос на болидот кој беше во тек на развој. не можевме да го возиме онаму каде што сакавме аеродинамички и механички никогаш не беше оптимално подесен. ни требаа месеци да поправиме некои чекори кои ги грешевме.

верувам дека откривме нешто клучно буквално последните некоклу месеци во однос на прецизноста и гравитацијата и сето тоа ќе биде клучно за следната сезона – посочи волф.

Иако тимот сеуште не успева да ги извади сите перформанси од својот пакет и годинава прв пат по 2013 е без победа, сепак веруваат дека ќе напреднат многу во остатокот од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ