Мерцедес не барале отпуштање на Маси

Медиумите пренесоа дека Мерцедес ја отфрлиле жалбата по контроверзиите во Абу Даби откако се договориле две главни личности во ФИА да бидат заменети, но од тимот од Бракли ги отфрлаат овие гласини. 

Откако им беа одбиени двете жалби по крајот на трката, Мерцедес беа лути што Хамилтон немаше шанса да ја освои рекордната осма титула поради одлуките на Мајкл Маси. Тие сметаат дека Маси не се раководел по правилата околу безбедносното возило со што Хамилтон стана ранлив на напад од Верстапен кој беше на свежи гуми. 

Гласините се дека некоја важна личност во ФИА им кажала на Мерцедес ја се откажат од жалбата во замена за отпуштање на две клучни личности во ФИА. Се зборува дека тие се директорот за трка, Мајкл Маси и главниот техничар одговорен за едносед сериите, Николас Томбазис. 

Мерцедес ги отфрлија гласините дека таков договор е склучен и сеуште стојат на својата изјава дека добиле уверувања дека ова сериозно ќе биде истражено од ФИА. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ