Мерцедес не знаат како Хамилтон доминирал во Катар

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, изјави дека брзината на Луис Хамилтон во Катар ги надминала нивните очекувања и симулации. 

Седумкратниот првак стигна до доминантна победа во Катар пред неговиот ривал Макс Верстапен кој заостануваше неколку секунди на втората позиција. 

Знаевме дека ќе бидеме добри на оваа патека и мислам дека бевме најзагрижени. Во саботата Луис имаше целосна контрола, Беше тешко да се предвиди колкава ќе биде разликата, но не сметавме на четири десетинки. 

Последниот обид на Хамилтон на квалификаиците го однесе речиси половина секунда пред Верстапен за пол позицијата. 

Тој имаше добар прв свиок и изјави дека се било мазно. Мислам дека беше во зона, Правевме симулации но не очекувавме да биде толку напред. Мислам дека многу работеше и затоа е толку напред. 

Шовлин изјави дека Хамилтон го користел послабиот од двата мотори кои му се преостанати и во Саудиска Арабија ќе вози со тој од бразил. 

Мислам дека Бразил беше негова најдобра трка. Квалификациите беа неверојатни, Ред Бул беа многу блиску, но ја имавме трката под контрола. Луис знае како да се освои титула и тимот му верува. Тоа што го имаме него во болидот ни дава доверба. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ