Мерцедес не исклучуваат напуштање на актуелниот концепт

Во Мерцедес не исклучуваат на актуелниот концепт на својот болид без странични делови кој има многу проблеми од почетокот на годината.

Германскиот производител има проблеми со потскокнувањето по што губи перформанси и ги тоши гумите и поради сето тоа е далеку од Ферари и од Ред Бул годинава. Анализите секојдневно се прават во Бракли, а клучна ќе биде Барселона кога ќе се донесе одлука дали да се промени концептот.

Екипата возеше со својот првичен болид на таа патека на почетокот на сезоната, така што возење со актуелниот радикален В13 ќе им даде споредба во однос на брзината и потенцијалот. Конструкторските прваци немаат многу напредок годинава иако се 3та најбрза екипа на гридот, сепак се далеку од водечките две.

не би исклучил ништо и мораме да се сомневаме во се. тимот правеше одлични тркачки болиди во минатото и верувам дека и овој пат е така. барселона дефинитивно ќе биде местото каде ќе го корелираме она што го имаме како податок во февруари и она што ќе го добиеме како податок годинава.

веќе не ми е пријатно што ќе најавам повторно дека ќе прибираме податоци и ќе експериментираме, но така е и само на тој начин ќе ги решиме проблемите.

Она што Мерцедес го очекува од Барселона е споредба на податоците кои ги имаат од Февруари на тестот и оние реалните со својот радикален болид без странични делови. Тоа ќе им биде одличен показател дали првичниот болид или новиот концепт е подобар, кој оздава повеќе потисн сила и имал помал отпор. Главна придобивка на која се надеваат во тимот е подот на болидот од каде произлегуа потскокнувањето што им ги создава сите проблеми.

ако се прошетате низ гридот може да забележите дека нашиот под е поширок и се гледа повеќе од страна, повеќе од било кој и тоа ни дава различност и ни носи можности мислам дека таму се разликува нашиот концепт. јасно е дека болидот кој беше промовиран во барселона беше побавен на хартија, но мора да ја споредиме работата на двата болиди

Иако непознаници има цел куп, Волф најави дека по Шпанското Гранд При ќе се донесе одлук во која насока да се оди до крајот на сезоната.

во моментов сме посветени на сегашниот концепт и така треба да биде. ако не верувате во она што го работите, немате шанси да успеете. веруваме во можностите на актуелниотконцепт и не се сомневаме дека е добар.

мораме се да разбереме пред да донесеме било каква одлука аз промена на друг конепт, да видиме каде сме погрешиле и какви придобивки би имале.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ