Мерцедес носи надградби на Силверстон

Мајк Елиот, техничкиот шеф на Мерцедес, потврди дека тимот ќе носи надградби на Силверстон во обид да го забрзаат болидот. 

Екипата доста напредна во Монтреал откако го крена болидот и се намали потскокнувањето, но сега носат надградби за да се приближат до Ферари и Ред Бул. Откако се помачи да излезе од болидот во Баку, Хамилтон изјави дека потскокнувањето драстично е намалено во Монтреал. 

Една работа за која сме сигурни е дека одиме напред. Носиме надградби во Силверстон за да го забрзаме болидот и да извлечеме максимум од пакетот. Мислам дека во исто време мора да сме искрени со себе и да се приближиме до Ферари и Ред Бул. Сакаме да имаме нормална трка. 

По три последователни улични трки, Формула 1 следниот викенд оди на Силверстон и нормалните тркачки патеки за кои Елиот се надева дека Мерцедес ќе работи подобро. 

Силверстон е патека која повеќе ќе ни одговара, како Барселона, иако се мачевме таму. Нашите возачи одат напорно напред за да се вратиме на победите. Сакаме да победуваме за нас и нашите фанови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ