Мерцедес: Откако ја видовме снимката мислевме на подиум

Од Мерцедес изјавија дека побарале од Џорџ Расел и Луис Хамилтон да притиснат кон крајот на трката откако ја виделе снимката од служењето на казната на Алонсо. 

По трката, Алонсо го загуби подиумот, кој му беше доделен на Расел, но неколку часа подоцна му беше вратен. Конфузијата дојде при крајот на трката откако беше побарано од возачите на Мерцедес да забрзаат и Алонсо да направи разлика од 5 секунди. Но сепак, казната која Алонсо ја доби беше 10 секунди. 

Техничкиот шеф на Мерцедес, Мајк Елиот, ја појасни одлуката и како дошле до неа. 

Откако видовме како ја служи казната и како еден од механичарите го допира болидот, не знаевме дали ќе има казна или не.

Но сепак, сметавме на казна од пет секунди и им рековме на нашите возачи да забрзаат. Џорџ беше близу до пет секунди додека Луис беше близу до 10 секунди, Но за жал, стујардите ја променија казната и на крајот не ни направи никаква разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ