Мерцедес откриваат: Крилата од Мајами беа за перформанси, а не за потскокнување

Техничкиот директор на Мерцедес, Мајк Елиот, откри дека деловите кои ги тестирале во Мајами не биле дел од обидот да го средат потскокнувањето.

Мерцедес донесоа нови крила за трката во Мајами. Иако многумина веруваа дека тие се за проблемот со потскокнувањето, сепак се работело за делови за перформанси.

Мислам дека е важно да се разделат работите. Едно е нормалниот пат на надградби, а друго е нашиот каде бараме решение на проблемите. Крилата се дел од вториот пат. Тие требаше да донесат перформанси – посочи елиот.

Мерцедес имаа неверојатна брзина во Петок кога беа најбрзи на вториот тренинг.

Експериментите на патеката беа за да го разбереме потскокнувањето и добивме доста податоци кои треба да ги анализираме. Всушност, секој пат кога го возиме болидот учиме нешто ново и сакаме да сме побрзи од конкурентите. Можеби сме поназад, но работиме понапорно за да го подобриме болидот и да бдиеме поконкурентни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ