Мерцедес открија каде напреднале во Мајами

Мерцедес имаа фрустрирачки викенд во Мајами, а добрите перформанси во Петок едноставно ги снема во остатокот од трката, но потенцираа дека напредок во одредена област е направен.

Тие мора константно да носат новини поради тоа што имаат многу проблеми за решавање на својот В13 болид, проблеми од кои потскокнувањето е клчен, така што имаа многу работа до извадат потенцијалот на болидот. Во однос на новините, техничкиот шеф Мајк Елиот, посочи дека има позитивни знаци по една направен промена.

мораме да разликуваме две работи, една е нормалниот пат на развој и подобрување на болидот, а друга е поправање на проблемот со потскокнувањето кој го имаме како и другите работи кои ги уништуваат перформансите.

крилта кои ги донесовме дефинитивно ни донесоа перформанси кои ги очекувавме и тоа е напредок, чекор напред – посочи елиот.

Во однос на решавање на проблемите со потскокнувањето, техниччкиот шеф верува дека тимот собрал многу вредни податоци во Мајами.

експериментите кои ги правиме на патеката за да го разбереме потскокнувањето ни донесоа многу податоци во петок кога имавме силни перформанси кои ги загубивме на трка. како и секогаш, нашите инженери пребаруваат по сите информации за да ги азберат проблемите.

всушност, секое возење на болидот учиме нешто ново и тоа е целта на овој спорт, разбирање на пакетот колку што можете побрзо.

Расел и Хамилтон повторно беа далеку од ритамот на Ферари и Ред Бул, но Елиот се надева дека сето тоа што се работи во Бракли наскоро ќе им се исплати.

иако во моментов заостануваме, имаме огромна завршена работа во фабриката за да го разбереме и подобриме болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ