Мерцедес планираат радикални промени

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, посочи дека тимот планира радикални промени по слабостите воочени на В14 болидот.

Тото Волф на промоцијата на болидот минатиот месец вети дека ревидираниот болид ќе биде далеку посилен од претходниот, но се покажа дека тоа не е точно, а дизајнерскиот концепт со минимални странични делови останат ист. По разочарувачката трка во Бахреин, токму Волф посочи дека концептот можеби ќе омра да се менува, а Шовлин потврди дека тимот размислува за многу повеќе од промена на страничните делови.

луѓето често го користат зборот концепт кога ги анализираат нашите странични делови, а тото неодамна кажа дека размислуваме д го ревидираме концептот на следните трки.

со оглед на заостатокот во однос на најбрзите, секако дека имаме намера да направиме големи и радикални промени за да се забрзаме. но, за такви промени е потребно време, не може да се направат преку ноќ во воздушниот тунел, има процес на развој кој нема начин да се избегне или забрза.

секако дека константно разгледуваме каде можеме да бидеме подобри и побрзи, имаме потенцијални идеи за промени и ќе видиме дали се изводливи за брз рок – појасни шовлин.

Запрашан што научиле од трката на Шакир, инженерот потенцираше дека екипата имала многу за надоместување, особено во сегментот на менаџирање на гумите.

знаеме дека ни претстои многу работа затоа што заостатокот на квалификации беше многу голем, околу половина секунда, а на трка и повеќе. тоа беше потпомогнато од деградацијата на гумите која ја имвме со лизгањето, така што свесни сме дека е тешко д ги менаџираме истите.

многу работи разбираме, но клучните работи се решавање на деградацијата на трка што ќе биде одличен почеток за нас. очигледно имаме нешто што не е како што треба и ќе работиме да го отклониме, а свесни сме дека заостатокот е многу голем. ритамот едноставно не е доволно добар, бавни сме.

во моментов работиме многу напорно за да разбереме што може да се поправи на болидот на кус рок пред д асе донесат клучни одлуки.

Тој посочи дека екипата одлично реагира на разочарувачкиот почеток на сезоната.

одлично е да се види колку добро работи тимот по толку тежок старт на годината како лани, секако посакувавме и се надевавме на многу порзличен почеток.

брзо го сфативме проблемот, знаеме дека има огромна работа пред нас и посветени сме да го подобриме нашиот пакет за да се вратиме при врвот. возачите се со нас, работат одлично заедно и многу ни помагаат при развојот.

убаво е да се види колку се сите искрени околу рпедизвикот кој ни претстои пред нас, скромни сме и знаеме како да одиме напред и посветено работиме на решенијата за повеќе перформанси. знаеме дека не сме доволно добри, но ќе направиме се за да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ