Мерцедес подржува замрзнување на моторите од 2022

Мерцедес ќе подржи евентуално замрзнување на моторите од 2022 година што ќе им овозможи на Ред Бул да продолжат со програмата на Хонда и по крајот на следната година. 

Ред Бул бараат алтернатива откако Хонда реши да се повлече од спортот на крајот на наредната година. Тимот преферира да ги откупи правата за моторот од Хонда и да продолжи да го користи и по 2021 година, но ова би се случило само доколку се замрзне развојот на моторите помеѓу производителите бидејќи Ред Бул не сака да се вклучи во борбата со трошење на пари за развој со Мерцедес, Рено и Ферари. 

Тото Волф од Мерцедес изјави дека би подржале замрзнување за да се осигура останување на Ред Бул и АлфаТаури во спортот. 

Мислам дека ФОрмула 1 е во добра ситуација со три произведувачи на мотори. Тотално ги разбирам Ред Бул. Не сакаат да се вратат на клиентскиот статус. Сакаат да бидат фабрички тим и да имаат можност да добиваат подобрувања и оптимизации или нешто што има замислено Хонда за повеќе перформанси. Мислам дека треба да им ја дадеме таа опција на Ред Бул – изјави волф.

Доколку не се направи договор за замрзнување на моторите Ред Бул ќе мора да соработува повторно со Рено. Французите се отворени за тоа но Ред Бул не сака клиентски статус. Според спортските правила Рено е обврзан да го снабдува Ред Бул со мотори затоа што ќе биде производител со најмалку снабдувани тимот, но според Волф, Ред Бул сакаат да го задржат фабричкиот статус без дополнителни трошкови за развој. 

Разбирам дека не сакаат да се вклучат во потрошувачка војна со други фабрички производители во развој на мотори. Би сакал да ги подржам. Мислам дека тие се важен бренд за Формула 1 и треба да направиме се за да ги задржиме во спортот. 

Запрашан дали Ред Бул се обидува да ја присили Формула 1 да ги замрзне моторите, Волф изјави дека тоа е дел од играта во спортот но е среќен да подржи било какво решение да ги задржи тимовите на гридот. 

Мислам дека Формула 1 треба да направи се за да го направи најдобриот договор. Ова е моменталната позиција и ја подржувам. 

Можноста за замрзнување на моторите ќе се дискутира на следниот состанок на Формула 1 комисијата во понеделник. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ