Мерцедес под истрага за гумите на Расел

Мерцедес се под истрага за два прекршока откако ги помешаа гумите на Џорџ Расел и Валтери Ботас при втората промена на Шакирското Гранд При.

Расел и Ботас беа на првите две позиции кога Џек Аиткин излета и го остави своето предно крило на патеката поради што се појави безбедносното возило. Двајцата возачи на Мерцедес беа повикани во боксот да променат гуми за рестартот во двојна промена иако беа на 20-тина кругови стари хард гуми.

Расел имаше нормална промена и се врати безбедно, додека Ботас доби четри гуми, но механичарите сфатија дека ги помешале гумите со сетовите на Расел и промената мораше да почне одново така што финецот беше во гаражата “цела вечност“.

Расел остана со предните гуми на Ботас пред да му се каже дека му биле монтирани погрешни гуми и влезе во боксот повторно да менува и на тој начин загуби дури 4 позиции. Тој ја заврши трката на деветта позиција откако уште еднаш промени гуми, овој пат на софт откако сензорите покажале бавна пукнатина на гумата.

По трката ФИА забележа: Болидот со број 63 направи промена и му беа монтирани предните гуми наменети за болидот со број 77. Тој го напушти боксот и се врати еден круг подоцна по неговите гуми. Ова е прекршок според правилото 24.2 и 24.3.

Тото Волф по трката изјави:

Ова е преголема за***нција. Некој од механичарите не го слушнал радиото и не знаевме што треба да промениме или да ги ставиме погрешните гуми. Поради тоа моравме повторно да менуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ