Мерцедес признаа дека требало да послушаат Расел

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, призна дека тимот требало да го послуша Џорџ Расел и да почекал уште еден круг пред да промени на интермедиа кај него за време на трката во Сузука.

Со цел да се стават двајцата возачи на побрзите гуми што поскоро, “сребрените стрели“ се решија за двојна промена, но бавното менување кај Хамилтон го забавија и менувањето кај Расел за цели три секунди по што тој “падна“ од 7мо на 14то место зад Ландо Норис и Јуки Тсунода.

Шовлин откри дека тимот го информирал Расел дека интермедиа гумите се побрзи, така што клучно било побрзо да се промени, но Џорџ побарал да остане на патеката уште еден круг, макар загубил 10 секундиво тој круг. Сепак, Мерцедес решија д не го послушаат и го викнаа на промена, што на крајот многу ги чинеше.

направивме темелна анализа на тајмингот и заклучивме дека не донесовме правила одлука и дека требаше да го послушаме џорџ и да му ддеме круг на чист воздух пред да му ги смениме гуми.

проблемот за нас беше тоа што луис и џорџ беа премногу блиску еден до друг за да се направи двојна замена без да се загуби време, така што на крајот расел беше оној кој загуби позиции од тсунода и норис. тоа му даде поголем предизвик до крајот да ги мине двајцата и да се обиде да најде чист воздух – опиша шовлин.

Но, промашената стратегија не била единствен факто за неубедливото издание на “сребрените“ на Јапонското Гранд При. Од почетокот на викендот тие возеа со многу голема потисна сила поради очеквањата за дождлива трка, по што ја жртвуваа праволиниската брзина, особено поради фактот што ДРС не беше дозволен во ниту еден момент.

одлучивме да останеме на најголемото ниво на потисна сила и како дел од таа одлуа беше да имаме најдобри времиња на трка. имавме големо трошење на гумите на сув патека, но дождот беше јасно дека ќе се појави во недела и сметавме дека тогаш ќе искористиме.

нормално е што дрс никогаш не беше дозволен за користење, така што претекнувањето беше премогу тешко и вистинска одлука беше да се вози со помала потисна сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ