Мерцедес реални дека припаѓаат на средината од гридот

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, призна дека тимот во моментов припаѓа на средината од поредокот.

Актуелните конструкторски прваци немаа ритам за време на квалификациите во Петок на Имола и се мачеа со загревање на гумите. Расел и Хамилтон успејаа да стигнат само до 11то односно 13то време, така што за прв пат по Јапонија во 2012 година тимот не стигна со болид до последниот квалификациски сегмент.

На почетокот од сезонава, тимот е далеку од било каков напад за пол позиција или победа, со драстично намалени перформанси одошто минатите години кога доминираа. Температурата на патеката во Петок беше ниска, возачите возеа по дождливи услови во текот на денот, така што им требаа неколку кругови за да ги подготват гумите.

Според Шовлин, условите покажале дека загревањето на гумите е еден од клучните проблеми на тимот сезонава.

се мачиме со загревање на гумите на овој болид да бидам искрен и не сме го решиле тој проблем. денеска имавме болен пример токму за тоа, не можевме да комплетираме доволно долго загревање на гумите за д аставиме температура во нив и да можеме оптимално да извозиме круг.

на сите трки го видовме тоа, но во бахрен тоа е незабележливо, додека на другите патеки се мачиме на квалифкациите. ритамот не е лош, на тркачки ритам покаажвме дека сме 3ти најбрзи. проблемот е еден летечки круг кога се мачиме и сме во средината од поредокот, но мора да поработиме и да го подобриме и разбереме тоа – откри шовлин.

Инженерот посочи дека новите технички правила кои стапија на сила оваа година успеале да ги ограничат возачите да ги загреваат своите гуми со температуратра која ја генерираат сопирачките.

претходно можеше да се насочи топлиот воздух од сопирачките кон тркалото и брзо да се пренесе топлината и да се загрее гумата. правилата потоа се променија и тоа не е возможно, но треба да разбереме како да дојдеме на исто ниво како останатите.

знаеме дека ред бул и ферари имаат повеќе потисна сила во моментов и ние треба да го имаме тоа за да се тркаме со нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ