Мерцедес се држи до својот план, новините ќе дебитираат во Монако

Мерцедес остануваат на нивниот план за надградби за Монако иако тесната улична патека не е идеална за тестирање на нови делови. 

Тие планираа да донесат надградби на Грнад При трката во Имола, но истата беше откажана поради лошото време и сега мора да ги донесат во Монако. Уличната патека носи голем ризик за инциденти каде може да се искршат тие делови поради бавните свиоци, променливиот асфалт и преблиските бариери поради кои ќе биде тешко ќе може да се добијат вредни податоци. 

Но сепак, Мерцедес не отстапуваат од планот и се сигурни дека новите делови ќе им донесат перформанси. Тимот сака да поработи и на зголемување на довербата на возачите во болидот која тие ја немаат во моментов. 

Надградениот В14 беше донесен во Имола, но сега е префрлен во Монако. Доколку тимот реши да се врати на старата спецификација, ќе има тежок логистички предизвик за да го направи тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ