Мерцедес се откажува од Петронас и продолжува со Арамко ?

Се чини дека од наредната година Мерцедес и Петронас ќе се разделат и германскиот тим ќе продолжи со саудискиот нафтен гигант Арамко како главен спонзор на Формула 1 тимот. 

Сеуште не е потврдено од страна на Петронас, но претпоставката доаѓа по најавата од малезискиот нафтен гигант дека ќе замине од Мото ГП, нешто што се најави во Август.

Петронас влезе во спортот во 1995 година како спонзор на Ред Бул Заубер и подоцна склучи договор со Мерцедес во 2010 година. 

Сауди Арамко е најголемата нафтена компанија во светот и склучи партнерски договор со Формула 1 минатата сезона како глобален партнер, а на поголемиот дел од трките се гледа нивниот брендинг. 

Потенцијалното директно партнерство на Мерцедес и Арамко најверојатно доаѓа од инвестицијата вредна 2 милијарди долари во Саудиска Арабиа од Мерцедес и нивниот партнер Инеос.

Британскиот хемиски гигант поседува 1/3 од Мерцедес тимот и во 2019 година најави голем инвестициски договор со Арамко и француски Тотал за изградба на фабрики на блискиот исток.

Се чини дека Мерцедес ќе се вратат на сребрената боја наредната година која ќе му одговара на Сауди Арамко поради плаво зелените нијанси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ