Мерцедес се согласи: Нема ДАС догодина

Мерцедес се согласи со планот да нема корисење на ДАС системот следната година и покрај превземените мерки за заштеда и промена на правилата што значи дека со овогодишните болиди тимовите ќе се тркаат и следната година, а новите правила се одложени за 2022 година.

Пандемијата на корона вирус предизвика голеим промени во Формула 1, а екипите едногласно се договорија големата промена на правилата да биде одложена за една година и истите да стапат на сила од 2022 година. Тоа значи дека сегашните шасии ќе продолжат да се користат и следната сезона, бе да биде дозволено никакви модификации.

Дозволата да се користат овогодинешните болиди и следната година остави простор на Мерцедес да го користи својот револуциноерен Систем за управување во двојна оска. ДАС системот им дозволува на возачите преку притискање и извлекување на управувачот да го подесуваат аголот на тркалата додека болито се движи.

Системот бил развиван со целосно знаење на ФИА кои откако беше од нив побарано појаснување, се согласвија дека системот е реален и го дозволија неговото користење годинава. Сепак, германците се согласија дека догодина нема да го користат истиот.

Одлуката да не се дозволи користење на ДАС следната година ќе осигура дека тимовите нема претерано да трошат со цел да развоја свој систем сличен на оној на “сребрените стрели“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ