Мерцедес со трогателно писмо до своите фанови

Во Мерцедес нема да има посочување на виновници и покрај лошиот почеток на Формула 1 сезоната годинава.

Германскиот производител има потреба од итен одговор на недостатокот на перформанси од својот В14 болид кој се покажа дека е далеку од нивото на најбрзите. Тото Волф веќе посочи дека е можно да се одбере нов концепт на болидот, но тоа е нешто што се прави на долг рок. Луис Хамилтон отворено објасни дека екипата не ги слушала неговите совети во предсезонаа, а тимот објави и писмо до фановите.

до сите наши фанови. бахреин болеше, го повреди секој од нас кој оди во секоја сезона решен да се бори за првенството и титулите.

трката го повреди целиот тим затоа што по толку долга работа во болидот, очекувањата не беа постигнати. знаеме дека вие, нашите фанови, исто така сте повредени. вашата страст и поддршка се многу важни за нас во овие тешки времиња и знаеме дека ја чувствувате болката.

ситуацијата со која се соочуваме во моментов е нешто што никој од нас не го сака, но нешто што е реалност. едноставно прашање кое треба да се одговори е што да направиме и како да го направиме тоа.

Објаснувањќи го планот, Мерцедес посочија дека се насочени кон правење подобрувања, а не кон посочување на вина кон индивидуе.

прво, нема да паничиме и да преземаме чекори “ради реда“. во формула 1 луѓето многу брзо посочуваат виновници и жртви, но ние не сме такви.

во тимот разговараме за храброста да не се успее, карактерот да се превземе одговорност и да се доживее неуспех. отворени сме и искрени со себе, секогаш

работиме итно и мирно да направиме план за враќање на формата со фокус на тоа што треба да се направи на кус, среден и долг рок со цел да се победи. вече имаме развојни делови за следните трки, а ќе има и уште повеќе. но, ова не е нешто што се решава во моментов, во формула 1 нема магично стапче.

Иако “сребрените“ завршија зад Ферари во Бахреин, јасно е дека перформансит есе под очекуваното ниво.

нашите стаандарди се високи и сите знаеме колкава планина за искачување миа пред нас. нема да биде лесно, но се што се вреднува не е лесно. ова се врмиња кога е потребен силен каратери, а целта е во повеќе делови и решавање на повеќе проблеми.

заедно сме низ се, од тото преку луис и џорџ до секоја жена и маж во браки и бриксворт и секогаш сакаме предивици.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ