Мерцедес: Ф1 не требаше да дозволи играње со притисоците

Тото Волф е задоволен што ФИА решила да ги контролира притисоците во гумите бидејќи претходно било оставено доста простор за игра. 

Астон Мартин и Ред Бул имаа пукнати гуми во Баку, а според Пирели тоа се случило бидејќи тимовите возеле со понизок притисок од пропишаниот. И покрај сомнежите, некои екипи најдоа начин да не го подигнат притисокот и Волф смета дека сите не биле еднакви. 

Мислам дека имаа многу простор да си “играат“ со притисоците. Дали се работи за повеќе или помалку, не е тоа поентата, Но доколку е можно да се намали тежината преку гумите за неколку килограми, тогаш се работи за можност за манипулација. 

Мерцедес уверуваат дека досега не си играле со притисокот и ги следеле процедурите кои Пирели ги поставиле. 

Ние секогаш сме ги следеле препораките на Пирели. Логиката кажува дека препораките треба да се пратат за да нема проблеми. Секогаш сме возеле легално. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ