Мерцедес ја објасни штетата на болидот на Хамилтон

Мерцедес објавија колку бил оштетен болидот на Луис Хамилтон во Австрија.

Актуелнинот првак возеше на втора позиција кога се оштети неговиот болид на средина на трката од тротоарите на последната кривина. Штетата го врати назад и беше престигнат од Ботас и Норис, финиширајќи на 4то место.

Беше оштетено делче од задните крилца и беше заглавено парче карбон. Тој дел многу влијае на аеродинамиката и перформансите на болидот – објаснија од бракли.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф објасни дека потисната сила била намалена за 30 проценти, но Шовлин објасни колку време по круг изгубиле. 

Процената е дека изгубивме 30 до 40 проценти потисна сила. Тоа е од шест до седум десетинки по круг, Но се се случуваше на задната оска и Луис имаше надуправување во таа серија бидејќи задниот дел му лизгаше и ги прегреваше гумите. Тоа многу го чинеше Луис многу и моравме уште еднаш да го повикаме да промени гуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ