Мерцедес ја откриле причината за откажувањето на Ботас

Екипата на Мерцедес го открила проблемот кој го примора Валтери Ботас да се откаже од Ајфелското Гранд При во Германија. 

Ботас пријави загуба на моќ кратко по виртуелното безбедносно возило и почна да губи позиции. Мерцедес одлучија да го паркираат болидот и Ботас да се откаже од трката со цел да спречат понатамошно штета на моторот. Првично тие се сомневаа во проблем со топлинскиот МГУ-Х дел од Системот за повратон на енергијата, но по истрага, причината всушност била електрична компонента во системот за Контрола на Електрониката.

Откажувањето на Ботас беше силен удар кон неговите шанси за титула, а финецот сега е 69 поени позади Хамилтон во првенството.

Дефинитивно беше голем удар за него во овој период од сезоната. Идентификувавме дека проблемот е откажување на електрична компонента, а одлуката да се откажеме веднаш спречи понатамошно механичко оштетување на моторот.

Откажување е секогаш тешко за возачот, но силна страна на Валтери е неговата издржливост и способност да се врати, така што сум сигурен дека ќе цели на тоа во Португалија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ