Мерцедес ќе го засили моторот

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека кај Мерцедес, изјави дека тимот бара начин да извлечат повеќе перформанси од својот мотор. 

Според правилата од оваа година има замрзнување на развојот на моторите до крајот на 2025.  Првата хомологација е на 1 Март 2022 година и се хомологира моторот со внатрешно согорување, МГУ-Х, издувниот систем, горивото и маслото. Втората хомологација е на 1 Септември 2022 година и треба да се хомологира електрониката, батеријата и МГУ-К.

Се обидуваме да пронајдеме нешто. Секако нашите мотори се хомологирани и немаме многу простор за напредок. Има нешто во електрониката што може да го поправиме или да поработиме на издржливоста.

Нашиот болид не е совршен, но ќе бараме начин. Не застануваме ни во однос на шасијата. Реално е да се работи постепено додека да се среди проблемот. имаме охрабрувачки знаци и можеби во Мајами ќе имаме напредок – потврди шовлин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ