Мерцедес ќе им даде тест на Вандорн и Де Врис

Мерцедес ќе им го довери тестот кој официјално е наменет за млади возачи, а ќе се одржи на Јас Марина по крајот на Гранд При трката, на своите Формула Е возачи Стофел Вандорн и Ник де Врис. 

Формула 1 тимовите имаат опција да возат со два болиди на еднодневниот тест во Вторник. Тестот е наменет за младите возачи, но потоа и променет од страна на ФИА за да се задоволат апетитите на Рено, така што во моментов смеат да возат и возачи кои не се дел од овогодинешниот грид.

Вандорн возеше за Мекларен во Формула 1 во 2017 и 2018 година пред да стане развоен возач на Мерцедес, така што белгиецот има многу повеќе од минималните две Гранд При трки зад себе. Тој имаше шанса да вози за Мерцедес во Бахреин, но сепак позицијата му беше доверена на Џорџ Расел. 

Де Врис е долгогодишен член на програмата за млади возачи на Мекларен и беше шампион во Формула 2 во 2019 година.  Ова ќе биде прва шанса за де Врис да вози најнов болид на Формула 1. 

Вандорн и де Врис се дел од фабричкиот Формула Е тим на Мерцедес од доаѓањето во шампионатот. Вандорн заврши на втора позиција оваа сезона со една победа во Берлин на последната трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ