Мерцедес ќе инвестира 6 милиони фунти во соларна централа

Мерцедес планираат да инвестираат во соларна централа која ќе произведува електрична енергија потребна за Формула 1 фабриката со цел да се намалат трошоците за струја која станува се поскапа.

Британија е една од најпогодените земји од високата цена на електричната енергија која ја плаќаат крајните оптрошувачи, а за Формуа 1 екипите работата се усложнува и поради тоа што на сила е ограничување на трошењето. Откако годинава имаат три пати повисоки сметки одошто претходн и со оглед на тоа што во текот на зимата цените ќе одат само нагоре, тие решија да инвестираат.

Тото Волф посочи дека размислувале како да ја подобрат ситуацијата без тоа да влијае над работните процеси на Формула 1 екипата така што бил одобрен план за намалување на трошоците за електрична енергија на долг рок преку инвестиција во соларна централа. Планот е истата да се изгради блиску до фабриката и да се поврзе со неа за да се користи целокупното произведено количество.

нашите трошоци за електрична енергија во бракли пораснаа три пати, а зборуваме за 6 милиони фунти годишни трошоци откако до сега беа 2 милиони фунти. зголемени се и цените за чартер летовите и транспортот и логистиката.

ние сме високо-технлошка индустрија и со позитивно размислување, ќе создадеме соларна централа за да ни произведува струја. иако и денеска користие 100% зелена енергија, цо2 емисиите се веќе неутрализирани – посочи волф.

Иако соларната централа сигурно дека нема да биде готова до 2024 година, Волф посочи дека ќе биде одлична инестиција во однос на финансиите и плановите за одржливост.

имаме поставено екстремни и амбициозни цели во градење на сопствена електрична, соларна централа. годинава потрошивме повеќе од 1 милион фунти за одржливо авионско гориво и така ќе продолжиме.

кусорочна и среднорочна ел е да имаме соларна централа која ќе се амортизира за 20 години. растечките цени на електричната енергија ќе бидат под контрола на тој начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ