Мерцедес ќе чека до зима за размена на Ботас и Расел

Мерцедес ја одложи одлуката за второто место во тимот и сеуште проценуваат дали да го задржи Валтери Ботас или да го земат Џорџ Расел.

Германскиот производител се надеваат дека ќе потпишат договор со Луис Хамилтон околу летната пауза, но не се сигурни кога ќе обезбедат возач за второто место. 

Ботас и Расел немаат договор за наредната година иако се зборуваше дека брзо ќе се донесе одлуката сепак нема да се случи тоа. Тото Волф зборуваше пред трката во Франција околу шансите кога тоа ќе се случи. 

МИслам дека на зима ќе одлучиме за тоа во периодот од декември до февруари. Ќе останеме лојални на возачите и подоцна ќе видиме што ќе правиме. 

Ботас има лоша сезона од почетокот, но Волф е сигурен дека тие ќе продолжат да го подржуваат. 

Тој го вози болидот брзо во сабота и во недела и мислам дека е во добра позиција за наредната година. Тоа е најважното што треба да се размисли.

Не е само главниот возач. Тој има константни перформанси. Посебно во ваква тешка година се важни двајцата возачи. Важно е да освојуваме поени со двајцата возачи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ